4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S7 ќе биде флексибилен? (видео)

Samsung Galaxy S7 ќе биде флексибилен? (видео)

flexible-samsung

Компанијата „Samsung“ наводно започнала со работа на нов проект, флексибилен мобилен телефон.

За разлика од досега достапните модели со заоблени екрани, телефонот „Samsung Galaxy S7“ ќе биде толку флексибилен што ќе може да се свитка на половина.

„Мобилната индустрија верува дека комерцијализацијата на флескибилните смартфони може да започне веќе следната година“, изјави претсавник на компанијата „Samsung Display“.

Сепак, се додека и останатите компоненти, како батеријата или процесорот, не станат еластични, овој амбициозен проект нема да доживее реализација.

Шпекулациите се дека „Samsung“ работи на флексибилна верзија на мобилен уред кој неможе да се скрши, а прв пат нешто слично се појави во 2012-та година.

Минатата година, компанијата „LG“ на изложба во Токио претстави екран од 5.9 инчи кој може да се превитка преку 100.000 пати без оштетување, а во јули истата година и екран од 18 ични кој може да се свитка во ролна.

Флексибилниот екран функционира по принцип на „OLED“ технологија – органски материјали направени од јаглеродни влакна кои емитуваат светло кога низ нив протекува струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП