21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃуровски: Концентрирано во одбраната и ефикасно во нападот

Ѓуровски: Концентрирано во одбраната и ефикасно во нападот

bosko selektor

Фудбалската репрезентација на Македонија, во петок ќе го одигра петтиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. Противник на Македонија ќе биде националниот тим на Белорусија, против кого ’црвено-жолтите’ ќе се обидат да ја забележат втората победа во Групата Ц.

Селекторот на репрезентацијата, Бошко Ѓуровски, на прес конференцијата којa се одржа денес, изрази задоволство од она што е сработено на тренинзите и ја посочи лошата реализација како главен проблем на репрезентацијата.

Поради тоа Ѓуровски најави промена на тактиката, поточно на Белорусија ќе и се спротивстави без класичен центарфор, со брзи играчи во нападот.

„Во овие неколку денови добро работевме на тренинзите и поради тоа владее отпимизам дека против Белорусија можеме да бидеме ефикасни. Имаме добри играчи во нападот Велковски е најдобар стрелец на Сараево, Блажевски кој се врати во Македонија и дава голови за Вардар, Ибраими, Хасани, Трајковски, Абдурахими се играчи кои се способно во секој момент да постигнат гол. Исто така се надевав дека против Белорусија ќе бидеме концентрирани во одбраната, дека ќе бидеме агресивни и солидарни кога треба да се одземе топката. Доколку сите се браниме и напаѓаме заедно мислам дека ќе оствариме успех“, рече Ѓуровски.

Македонскиот селектор не го откри составот со кој ќе го започне натпреварот, а како што рече отсуството на Адеми му создава проблеми.

„Составот ќе го видите утре пред почетокот на натпреварот. Ќе играат најискусните кои можат да донесат успех. Отсуството на Адеми ни направи голем проблем, а за Марио Ѓуровски нема играно досега кај мене така што не знам како тој би се вклопил. Во овој момент жалам повеќе за Адеми отколку за Марио Ѓуровски“, дополни селекторот.

Квалификацискиот натпревар Македонија-Белорусија ќе се одигра в петок на „Филип Втори“ со почеток во 20:45 часот. Во пресрет на меѓусебниот дуел во Групата Ц Македонија е четврта со три бода, а Белорусија е петта со еден бод колку што има и последнопласираната селекција на Луксембург. На табелата во групата води Словачка со 12 бодови, пред Шпанија и Украина кои имаат по девет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП