4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter ja претстави апликацијата за видео во живо - Periscope (фото+видео)

Twitter ja претстави апликацијата за видео во живо – Periscope (фото+видео)

periskop1

„Twitter“ смета дека се повеќе луѓе сакаат да се претворат во видеоблогери. Компанијата им ја нуди својата нова апликација „Periscope“ која може да им помогне да го реализираат тоа.

„Periscope“ му овозможува на секој да емитува во живо на интернет она што го прави. Потребно е само да се располага со паметен телефон со интернет конекција. При тоа е многу лесно: ја стартувате апликацијата, ја активирате камерата и веќе сте во „живо“. Во меѓувреме апликацијата ќе ги извести корисниците кои ве следат во „Periscope“ дека сте онлајн, а може да објавува и линк во вашиот профил на „Twitter“.

Видеото се емитува во речиси реално време, можеби максимум со неколку секунди одложување. Ова им овозможува на гледачите на коментираат за случувањата, да земаат учество преку класични текстуални коментари.

periskop22222

„Periscope“ е директен конкурент на „Meerkat“. Ова е апликација со речиси идентични можности, но со некои значајни разлики. Најголема од нив е дека „Periscope“ ги чува преносите во текот на 24 часа и корисниците може да ги види повторно. Се разбира, корисникот има право да ја постави апликацијата така што тоа воопшто да не ги чува стримовите.

Не е задолжително човек да емитува видео на интернет, за да ја користи апликацијата. Со „Periscope“ луѓето можат да го гледаат и емитување на другите корисници, да ги следат и коментираат.

За онлајн изданието „The Verge“, од „Twitter“ прецизира дека „Periscope“ ќе биде одделно од главната апликација на микроблогот. Интеграцијата ќе се исцрпува со можноста да се објавуваат твитови со линкот при стартот на „стримингот“. Компанијата сака да го изгради „Periscope“ како самостојна единица. Апликацијата е бесплатна и веќе е достапна за „iPhone“, а верзијата за „Android“ се очекува наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП