6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Kia Optima (фото)

Новата Kia Optima (фото)

kia optima 3

Прва официјална фотографија на новата генерација „Optima“ ја откри корејскиот производител „Kia“. Премиерата на седанот е закажана за саемот во Њујорк, која ќе се одржи на 1-ви април.

Информациите околу моделот се ограничени, а од „Kia“ споделија само дека новата „Optima“ нуди сеопфатен внатрешен простор, премиум опрема, голем број на нови технологии и разновидни мотори.

Од сликата сепак се гледа дека моделот зазел многу од дизајнот на концептот „SportSpace“ прикажана во почетокот на март во Женева. Општо земено познатиот стил на „Optima“ е сочуван, но сега се фокусира на динамиката и луксузот.

Од информациите станува јасно исто така, дека моделот има широк спектар мотори, голем број на премиум додатоци и технологии кои не можат да се најдат во оваа генерација на „Optima“.

Во моментот моторите не се соопштени, но шпекулациите покажуваат дека меѓу нив ќе бидат два турбо-мотор со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри, како и атмосферски 2,4-литарски. Ќе има и дизел модел, а се очекува и појава на хибрид, вклучувајќи и дизел-електрични.

Се очекува, исто така новата „Optima“ да биде предложена за прв пат и во караван верзија, позајмена од концептот „SportSpace“.

Повеќе детали ќе станат јасни на 1-ви април во Њујорк, на истиот саем на кој во 2010-та година моделот дебитираше за прв пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП