21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen Bank затвора неколку филијали во Русија

Raiffeisen Bank затвора неколку филијали во Русија

raifffn3408yh4

Австриската „Raiffeisen Bank“ останува во Русија, но ги намалува ризичните и помалку профитaбилни филијали.

Банката соопшти дека има намера да ја „оптимизира“ својата мрежа во Русија, но и дека ќе се повлече од регионите кои имаат мали изгледи за раст.

„До крајот на август ќе следи напуштањето на шест региони на истоткот на Русија“, беше наведено во текот на презентацијата на годишниот извештај, попрецизно банката се повлекува од 15 руски градови.

До крајот на годината ќе бидат затворени вкупно 34 филијали, при што е планирано отворање на некои нови филијали во Москва.

Исто така е најавено дека РБИ наскоро ќе ја продаде својата банка-ќерка во Словенија. Преговорите, како што е наведено, добро напредуваат и конечната одлука се очекува во наредните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП