2 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKомуникација без ограничување и телефон за 0 денари

Kомуникација без ограничување и телефон за 0 денари

br

Оваа пролет, Вип ја освежува својата постпејд понуда со одлични постпејд тарифи за слободна и неограничена комуникација за своите корисници и можност да одберат телефон за 0 денари.

Постпејд тарифниот модел Vip Free Basic им овозможува на корисниците за 479 денари месечна претплата да зборуваат неограничено во мрежата на Вип, како и дополнителни 200 минути за разговори кон другите национални мрежи и 100MB интернет сообраќај.

За корисниците кои не сакаат да се ограничуваат на мрежата со која комуницираат, одличен избор е надградената Vip Free Special која им обезбедува неограничени минути за разговори кон сите мрежи, неограничен број на СМС пораки кон сите мрежи, 2 GB интернет со 4G LTEбрзини на најголемата 4G LTE мрежа и 50 меѓународни СМС пораки, вклучени во месечната претплата која изнесува 699 денари.

Vip Free Advanced пак, е тарифен модел наменет за корисниците кои покрај неограничената комуникација кон сите мрежи, имаат потреба од повеќе 4G LTE интернет, СМС пораки и минути кон меѓународни дестинации. Истиот вклучува 50 СМС пораки и 50 минути за меѓународни разговори (земји од Зона 1/2/3/4/5) и 5 GB 4G LTE интернет за месечна претплата од 1199 денари.

Во исто време, корисниците можат да одберат и одличен паметен телефонза 0 денари, како ZTE Kis II Maxсо Vip Free Basic, Samsung Galaxy Trend 2 со Vip Free Specialили Sony Xperia M2 Aqua soVip Free Advanced, со договор на 24 месеци.

– Она што нам нè прави препознатливи уште од почетокот на нашето работење на македонскиот пазар е нашата способност да им понудиме на корисниците повеќе вредност за нивните пари.  Така е и овој пат, со понудата на овие едноставни тарифни модели, со која на корисниците им нудиме одлична можност брзо, едноставно и транспарентно да ја одберат опцијата која ним најмногу им одговара кога станува збор за неограничена комуникацијаи во истовреме да добијат паметентелефон како подарок, – изјави ГернотРаш, Главен маркетинг директор на Вип.

Овие тарифни модели се достапни и во верзија само со СИМ картичка, без договорна обврска и со пониска месечна претплата.

Сите тарифни моделиможат да се купат и во интернет продавницата на Вип на брз и едноставен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП