4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube ќе се насочи кон гејмерите

YouTube ќе се насочи кон гејмерите

yt na

Видео порталот „YouTube“ наскоро ќе предложи услуга за стриминг на видео игри во реално време. Идејата е „YouTube“ да се натпреварува со популарната платформа „Twitch“, која ужива над 65 милиони активни корисници секој месец.

Желбата на „YouTube“ е да се насочи кон гејмерските и електронските спортови. Според еден од изворите на весникот „The Daily Dot“ тоа ќе е главната цел на „YouTube Live“, кога новата услуга ќе се појави во блиска иднина.

Во „Google“ веруваат дека ќе има голем интерес од страна на познатите организации во областа, како и на веќе етаблираните популарни „стримери“. Компанијата ќе бара партнерства со нив, со цел да се потпира на големата публика.

„YouTube“ експериментира со „стримови“ во живо од 2010-та година, но никогаш целосно не ја еволуирале услугата. Наместо тоа, таа стана ретка појава, а само некои компании понекогаш ги пренесуваат во живо своите настани.

Минатата година „Google“ преговараше за стекнување на „Twitch“, а се очекуваше токму оваа платформа да стане дел од „YouTube Live“. Преговорите сепак пропаднаа и „Twitch“ стана сопственост на „Amazon“ за близу 1 милијарда долари. Сега „Google“ планира свој конкурент.

Засега од „YouTube“ и „Google“ не коментираат на оваа тема. Очекувањата се дека новата услуга ќе биде претставена за време на гејмерската конференција „Е3“, која е во средината на јуни годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП