28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРоверот „Кјуриозити“ пронајде азот на Марс

Роверот „Кјуриозити“ пронајде азот на Марс

rover 3

Роверот „Кјуриозити“ пронајде азот на површината на Марс, што е уште еден доказ кон теоријата дека на Црвената планета некогаш можеби постоел живот, истакнуваат од НАСА.

Со дупчењето на  на карпите Кјуриозити пронајде докази за нитрати, соединенија кои содржат азот, а кои ги користат живите суштества. Роверот уште претходно пронајде докази дека постоеле и други елементи потребни за одржување на животот, како водата и органските материи, на подрачјето наречено Гејловиот кратер.

„Пронаоѓањето на биохемиски пристапен облик на азот е поддршка на теоријата дека дамнешната околина на кратерот Гејл бил населен“, рече Џенифер Стерн од Вселенскиот центар на НАСА Годард, во Мериленд.

Азотот е потребен за сите познати облици на живот, бидејќи од него се состојат ДНК и РНК. Но, „нема докази кои потврдуваат дека пронајдените молекули на азот потекнуваат од живи суштества“, предупредуваат од НАСА.

„Површината на Марс е негостољубива кон познатите облици на живот“, додаваат од Агенцијата.

Истражувачкиот тим верува дека нитратите се антички и дека веројатно потекнуваат од метеорите, молњите и другите небиолошки процеси. И на Земјата и на Марс азотот може да се најде во форма на диоксид, два атома соединети со цврста врска, заради што не реагираат лесно со другите молекули. Атомите мораат да бидат одвоени за да можат да учествуваат во хемиските реакции потребни за одржување на животот.

„Одделни организми на Земјата можат да го фиксираат атмосферскиот азот и тој процес е нужен за метаболизмот. Но, помалите количества на азот се фиксираат со тек на енергетските настани, како удар на гром“, додаваат од НАСА.

Кјуриозити во моментот се наоѓа во подножјето на планината Шарп, 5500 метри висока планина формирана од седиментните слоеви.

Научниците не веруваат дека на Марс ќе пронајдат вонземјани и живи суштества, но сакаат во тлото и карпите да ги побараат клучните елементи за живот, кои можеби поддржувале живот во минатото.

Исто така, роверот ја проучува и околината на Марс, како дел од подготовките за испраќање на човечки екипаж во следните години. Имено, американскиот претседател Барак Обама најави дека луѓето ќе го посетата Марс до 2030 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП