20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро ќе пристигне многу интересен смартфон од страна на Oppo (видео)

Наскоро ќе пристигне многу интересен смартфон од страна на Oppo (видео)

opo ramka

Следниот уред во понудата на кинескиот производител „Oppo“ наводно ќе биде поинаков од конкурентските.

Неговата предност, како што е прикажано на фотографиите, би требало да биде дизајнот на куќиштето на кое на предната страна, екранот се простира од едниот до другиот крај на уредот.

Овој нов смартфон на „Oppo“ би требало да остави впечаток дека околу екранот воопшто нема рамка.

Фотографиите и видеото од овој паметен телефон во јавноста се појавија преку неименуван извор од Кина, а на видеото може да се види дека уредот навистина постои во физичка форма, а не само како фотомонтажа.

Дали навистина и кога ќе се појави на пазарот, се уште не е познато. Некои сметаат дека овие информации се пуштени во јавноста со цел за овој уред да се постигне голема возбуда, и дека неговото претставување ќе се случи многу наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП