9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOбјавени карактеристиките на Cadillac ATS-V (фото)

Oбјавени карактеристиките на Cadillac ATS-V (фото)

ats v

Американскиот производител „Cadillac“ ги откри карактеристиките на спортскиот модел „ATS-V“, кои се покажаа посериозни од претходните најави. Моделот е достапен како седан и купе, а ќе излезе на пазарот во првата половина на оваа година.

Новиот „Cadillac ATS-V“, кој ќе се натпреварува за клиенти со моделите како „BMW M3“ и „М4“, е опремен со „V6“ мотор со зафатнина од 3.6 литри. Агрегатот има два турбополначи и генерира 470 КС и 601 Нм. Претходно беше соопштено дека моќноста на моторот е 455 КС

ats v1

Покрај тоа што е помоќен, новиот „ATS-V“ е и побрз од претходно најавеното. Тој е способен за спринт од место до 60 милји на час за 3,8 секунди и може да развие максимални 304 км/час. Прелиминарните податоци покажуваа спринт за 3,9 секунди и максимална брзина од 298 км / час.

Споредени со стандардните верзии на „Cadillac ATS“, купето и седанот „ATS-V“ се разликуваат по своите истакнати браници, поголемата решетка на ладилникот, капакот со отвори за воздух, задниот спојлер и новиот издувен систем. Како опција се нуди и цела низа аеродинамички елементи, кои се направени од јаглеродни влакна.

ats v2

Освен тоа моделите располагаат со покрута суспензија со амортизери „Magnetic Ride“, диференцијал со зголемено триење, сопирачки механизми „Brembo“ и 18-инчни бандажи со гуми „Michelin Pilot Super Sport“.

Новиот „Cadillac ATS-V“ ќе се појави на пазарот во првата половина на оваа година. Цените во САД почнуваат од 61.460 долари за седанот и од 63.660 долари за купе верзијата.

ats v3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП