3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобро платените ИТ експерти

Најдобро платените ИТ експерти

it.expert333

Технолошката индустрија во целиот свет се соочува со сериозен „глад“ за експерти. Проблемот на овој пазар е дека е многу динамичен и барањата брзо се менуваат. Денес се бараат професионалци за една платформа, утре за друга, а за нивната апсорпција е потребно време.

Специјализираниот сајт за пребарување на работа во технолошкиот сектор „Dice.com“ ги објави резултатите од своето истражување за највисоките цени на вештини во „ИТ“ секторот. Во истражувањето учествувале 23.470 „ИТ“ професионалци, кое беше спроведено во есента 2014-та година. Тоа покажува и какви специјалисти можат да очекуваат најголемите плати (во случајот платите се годишни).

На десеттото место е „Hadoop“. Луѓето кои имаат познавање во оваа технологија, која е во центарот на „Big Data“, можат да очекуваат годишна плата во износ од 121.313 долари – со цели 11,6% повеќе во однос на една година порано.

На деветтото место е „Flume“. Тоа е метод за поместување на огромни низи од информации и да ги имплементира во „Hadoop“ системи. Специјалистите за „Flume“ можат да очекуваат годишна плата од околу 123.186 долари.

Осмата позиција е за специјалистите по „Chef“. Тоа е софтвер кој им помага на вработените да ги автоматизираат задачи, да се оптимизира работата на сервери. Запознаени со „Chef“ можат да добиваат по 123.458 долари годишно.

Седмото место е определено за „ABAP“. Тоа е програмски јазик кој е развиен од „SAP“ и се користи за креирање на бизнис апликации за да се интегрираат или базираат на софтвер на „SAP“. Плаќањето за специјалисти „ABAP“ бележи скок за 24% за последната година и веќе е 124.262 долари годишно.

На шесто место е „Pig“. Тоа е програмски јазик кој овозможува да се извлекува информации од „Hadoop“ и да се наоѓаат различни апликации во „Big Data“. Платите за специјалистите „Pig“ скокнаа за 13% и се 124.563 долари годишно.

На петтата позиција е „HBase“. Ова е уште една технологија која е базирана на „Hadoop“. Со неа може да се решат складирани информации и да се групираат. Надоместокот за такви специјалисти е зголемен за 20% во последната година и веќе е 126.369 долари.

Специјалистите за „Cloudera“ пак можат да очекуваат околу 126.816 долари годишно. „Cloudera“ има посебна платформа, која цели значително да ја олесни работата со „Hadoop“.

Во првите три влегува „MapReduce“ – уште една технологија поврзана со „Hadoop“. Тоа е метод кој му овозможува на „Hadoop“ да ја запази информацијата на бројни евтини сервери. Годишната плата за специјалисти „MapReduce“ е 127.315 ​​долари, покажува истражувањето на „Dice.com“.

На второ место е „Cassandra“. Тоа е метод за бази на податоци, кој постепено се претвора во склопот на мобилни и облак услуги. Годишните плати за специјалисти „Cassandra“ изнесуваат 128.646 долари.

Најголеми се цените се специјалистите по „PaaS“ (Platform as a Service). Ова е еден од најголемите трендови во моментов, што им овозможува чување на се што еден програмер има потреба, во облакот. Од алатките за пишување на апликацијата до самата апликација, кога ќе заврши. Годишната плата за специјалисти „PaaS“ изнесува 130.081 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП