2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota подготвува Yaris со 240 КС

Toyota подготвува Yaris со 240 КС

240 jaris

Наредната генерација на хечбекот „Toyota Yaris“ ќе добие „надуена“ модификација со моќност од 240 КС.

Во нејзината основа ќе биде машината со која компанијата размислува да се врати во светскиот рели-шампионат (WRC) во 2017-та година.

За да може рели-верзијата да добие хомолагација од Меѓународната автомобилска асоцијација (FIA), „Toyota“ треба да пушти на пазарите минимум 2.500 „граѓански“ примероци, создадени врз основа на спортскиот прототип.

Рели-возилото кое е подготвувано од јапонците, ќе се потпира на 1.6-литарски турбомотор со моќност од околу 300 КС, кој работи во комбинација со 6-брзински секвенцијален менувач „ZF“. За „граѓанската“ верзија моќноста на агрегатот ќе биде намалена до 240 КС.

Овој модел на „Toyota Yaris“ ќе биде наменет претежно за пазарот во Европа, каде што ќе се појави за 2 години. Цената на моделот ќе биде околу 34.000 евра. Една година порано на пазарот треба да излезе и стандардниот „Yaris“ од следната генерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП