3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиста на најдобрите во Европа, лоши позиции за македонските екипи

Листа на најдобрите во Европа, лоши позиции за македонските екипи

1_fudbalska_liga

‘Euro Club Index’ во соработка со Infostradom кој е официјален партнер на ФИФА традиционално ги објавува листите на најдобрите тимови во Европа. Најновата ваква листа е објавена во вторникот, а на неа македонските клубови котираат лошо, тие се наоѓаат во втората половина од листата на која има 707 екипи.

Вардар, кој е лидер во шампионатот на Македонија, на листата се наоѓа на 436-то место, а потоа следуваат Работнички (456), Шкендија (510), Металург (532), Ренова (541), Турново (555), Брегалница (584), Силекс (591), Пелистер (596) и Тетекс (635).

Инаку во Топ 10 нема некои поголеми промени, со напомена дека Англија поради лошите резултати на клубовите од оваа земја во европските купови, нема свој преставник меѓу најдобрите пет.

Во Топ 10 се наоѓаат Барселона, Реал, Баерн, Атлетико, Јувентус, Челзи, ПСЖ, Арсенал, Манчестер Сити, Валенсија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП