11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВртоглав пад на цените на акциите на Lufthansa и на Airbus

Вртоглав пад на цените на акциите на Lufthansa и на Airbus

lufthansa-1

Европските берзи молскавично реагираа по првите информации за несреќата на авионот на компанијата Germannwings над Франција. За само еден час вртоглав пад имаа цените на акциите на Airbus и на Lufthansa, која е сопственик на Germanwings.

Авионот со 144 патници и шест членови на екипажот се урна во француските Алпи на летото од Барселна кон Дизелдорф. Авионот паднал 11 километри северно од Ница од височина од 11.000 метри,а француските власти соопштија дека нема преживеани во несреќата.

Акцијата на паневропскиот производител на авиони Airbus паднаа за 4,9 отсто, а на авиокомпанијата Lufthansa за 4,1 отсто.

Паднатиот авион A320 е еден од најпродаваниот авиони на Airbus. Досега се испорачани 3.900, а нарачани се уште 7.600 вакви авиони. Airbus во февруари објави дека планира да го зголеми производството на овој тип на авиони, со оглед на зголемената побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП