Познато е дека „Android“ уредите често се пренатрупани со апликации (bloatware) кои се фабрички инсталирани. Меѓутоа, компанијата „Samsung“ одлучи на своите нови премиум телефони, смартфоните „Galaxy S6“ и „S6 Edge“, на корисниците да им понуди можност да ги избришат овој вид на апликации.
Корисниците на новите „Samsung“ уреди веќе подолго време се жалат дека на смартфоните на јужнокорејската компанија има премногу „bloatware“ апликации, па познатиот „IT“ гигант се одлучи да им излезе во пресрет и да им понуди можност за нивно бришење.
Доколку одлучите да избришете некоја од апликациите, како што се „S Voice“, „S Health“, „Calculator“ или некоја друга, нив повторно можете да ги инсталирате преку „Google Play Store“ или „Samsung Galaxy Apps“ продавниците.
Оваа можност која „Samsung“ им ја понуди на своите корисници е одлична, а особено добро ќе им дојде на оние на кои им недостасува некој мегабајт простор во телефонот.
Погледнете го видеото: