21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште еден кинески клон на BMW i3

Уште еден кинески клон на BMW i3

kopija i3

Голем број на европски, азиски и американски автомобили имаат клонови во Кина. Не се многу, но имс модели кои можат да се „пофалат“ со неколку вакви нелегални верзии.

Па, „BMW i3“ веќе има два кинески клонови. Првиот – „Wuling City Car“, се појави на крајот на минатата година, а вториот го откри изданието „CarNewsChina“.

kopija i31

Автомобилот се нарекува „KWM2200“ и беше презентиран за време на саемот за електрични автомобили „Shandong EV Expo“. Производител на овој модел е компанијата „Qingzhou Da Jinma Motorcycle Corporation“, која е специјализирана за производство на мотоцикли.

Кинескиот модел има сличен дизајн со „BMW i3“, но се одликува со кичести елементи и компактни димензии. Кабината располага со четири места и исто како кај моделот на германците, и има електричен погон.

kopija i33

Кај кинескиот автомобил батериите се оловно-киселински, а плановите предвидуваат модерни и безбедни литиум-јонски акумулатори да бидат понудени во подоцнежна фаза. Моделот, кој е наменет за движење во град, може да развива најмногу 50 км/час. Автономијата е 120 км, а полнењето на батериите трае 7 часа, покажуваат информациите.

Кинескиот „Jinma KWM2200“ треба да биде достапен на домашниот пазар подоцна во оваа година. Се очекува стартната цена да е 24.998 јуани (околу 4.000 долари).

kopija i32

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП