2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкок во кварталниот профит на H&M

Скок во кварталниот профит на H&M

hm0110

Шведскиот моден ланец „Hennes & Mauritz“ (H&M) објави дека значително ги зголемил приходите и добивката во првиот квартал, пред се благодарејќи на поголемиот број на продавници и купувањето преку Интернет.

Во периодот до крајот на февруари, нето добивката е зголемена за 36 отсто или на 3.6 милијарди шведски круни (423 милиони долари), соопштија од компанијата, истакнувајќи дека во споменатиот период колекциите на сите нивни брендови биле добро прифатени од стана на купувачите.

Приходите искажани во локалната валута се зголемени за 15 проценти. Искажани во шведски круни и без ДДВ, тие пораснале за 25 посто или на 40.2 милијарди круни.

„Добро ја започнавме 2015-та, кога станува збор за приходите и добивката“, констатира извршниот директор Карл-Јохан Персон.

Компанијата планира во финансиската 2014/2015 да отвори околу 400 нови продавници. Во првата половина од оваа година нови продавници ќе има во Тајван, Перу и Макао, а во втората половина во Јужна Африка и Индија. Оваа пролет ќе се отворат и интеренет продавници во Португалија, Полска, Чешка, Романија, Словачка, Унгарија, Бугарија и Белгија, а наесен и во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП