2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГаранција од поминати еден милион километри

Гаранција од поминати еден милион километри

honda

Хонда на купувачите во Франција им понуди гаранција од 1 милиони поминати километри или десет години ескплоатација, за новиот  1.6 литарски „i-DTEC“ мотор. Промотивната акција важи до крајот на март 2013-та година и се однесува за моделот „Civic“ хеџбек кој е опремен со оваа погонска единица.

Honda Civic е првиот модел на европскиот пазар во кој е вграден новиот 1.6-литарски „i-DTEC“ дизел мотор од „Earth Dreams Technology“ серијата, а беше презентиран на европската јавност на авто-саемот во Париз во 2012-та година.

Станува збор за мотор кој благодарејќи на употребата на алуминиумот при конструирањето е полесен за 47kg  од 2.2 литарскиот „i-DTEC“ агрегат. Моторот е во состојба да произведе 120 ks при 4.000 o/min, додека максималниот вртежен момент од 300 Nm е достапен веќе на 2.000 o/min.

Од јапонскиот произведувач истакнуваат дека „Civic“ хеџбек со овој мотор и со комбиниран режим на возење троши 3,6 l/100 km и CO2 емисија која изнесува 94 g/km.

Дека во Хонда се убедени во квалитетот на својата технологија и мотор, говори и оваа необична промотивна акција која е започната во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП