2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар преку Кјелце ќе се бори за фајнлфор

Вардар преку Кјелце ќе се бори за фајнлфор

vardarci

Полскиот шампион Кјелце е противникот на Вардар во обидот да се стигне до историски пласман на фајналфор турнирот во Кил. Откако во осминафиналето го елиминираа вицешампионот на Полска, Висла Плоцк, избраниците на Раул Гозалез на денешната ждрепка за ривал го добија најпосакуваниот тим, Кјелце, предводен од Талант Душебајев, таткото на вардаровиот десен бек Алекс Душебајев.

Кјелце е единствениот од носителите на денешната ждрепка што загуби еден од двата осминафинални натпревари, и тоа на домашен терен од францускиот Монпелје. Воедно, полскиот тим реално е најслаб од четирите потенцијални противници на „вардарци“, кои сигурно ќе бидат задоволни од добиениот противник.

Од останатите двојки, Кире Лазаров со Барселона ќе му гостува на својот поранешен тим Загреб, кој се уште е без пораз на домашен терен сезонава, Веспрем ќе се сретне со ПСЖ, додека Пик Сегед по елиминацијата на Некар Левен сега ќе ги одмери силите со уште еден германски гигант,шампионот Кил.

„Го сакавме Кјелце и го добивме Кјелце. Знаеме дека ќе биде тешко, но ние ќе сториме се за да славиме и да се пласираме на фајналфор турнирот. Ќе биде многу интересно, ние повторно ќе одиме во Полска, а тука ќе биде и дуелот на таткото и синот Душебајев.  Исто така, нашиот тренер Раул Гонзалез извесно време му беше асистент на Душебајев, па тоа ќе биде уште еден интересен дуел. Шансите за пласман на Ф4 се 50-50“ – изјави директорот на „вардарци“, Давор Стојановски.

rakomet 3

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Загреб – Барселона

Вардар – Кјелце

ПСЖ – Веспрем

Сегед – Кил

Првите мечеви ќе се играат од 8-ми до 12-ти април, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП