4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle и натаму верува во Glass

Google и натаму верува во Glass

gg ocila

Очилата со додадена реалност „Google Glass“ се фундаментална платформа за „Google“. Тоа го вели претседателот на одборот на компанијата Ерик Шмит за „The Wall Street Journal“.

Според него технологијата е премногу важна и не може да се занемари. Во јануари годинава компанијата престана да ги продава „Google Glass“, а тоа веднаш беше протолкувано дека таа се откажала од очилата. Малку подоцна, проектот беше предводена од Тони Фадел, кој се приклучи на „Google“ по купувањето на компанијата „Nest“. Неговата задача е да направи уредите „подготвени за корисниците“.

„Кога ја завршивме програмата „Explorer“, медимите помислија дека сме го прекинале проектот, но тоа не е точно. „Google“ често презема ризици, но нема нешто да сугерира дека ќе ги оневозможи „Glass“. Ова е многу голема и фундаментална платформа за „Google““, коментира Шмит.

Шмит сепак не конкретизира какви промени се предвидуваат во „Google Glass“, за да бидат достапни за корисниците. Компанијата ќе треба да обрне внимание и на критиките дека очилата се идеални за шпионирање, бидејќи не се гледаат вградените камери и микрофон.

Според шпекулациите, следната верзија на „Google Glass“ ќе е со подобра батерија и дисплеј, истовремено ќе е и поевтина. Компанијата ќе се обиде да ги нуди „Glass“ и во комплет со различни очила за да ги направи поприфатливи. Овој пат сепак „Google“ ќе го задржи напредокот на проектот во тајност, додека не процени дека тој е подготвен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП