24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе зголемува бројот на настрадани поради лошите контакт-брави на GM

Се зголемува бројот на настрадани поради лошите контакт-брави на GM

bravi gm

Семејствата на 74-те лица кои загинаа во сообраќајни незгоди предизвикани од лошите контакт-брави вградени во автомобилите на „General Motors“, ќе добијат надомест од овој американски производител.

Адвокатот Кенет Фајнберг кој за „General Motors“ работи на утврдување на случаите за кои се исплатува надомест, објави нов список со имиња, додека минатата недела беа 67 лица.

Право на надомест имаат и 126 луѓе повредени во несреќите предизвикани од лошите контакт-брави.

Овие контакт-брави од вибрации за време на возењето можат да го исклучат моторот на автомобилот, па со тоа да престане да работи серво-уредот за управување и сопирање што е причина за незгода, при која, поради исклучувањето на моторот, не работат ниту воздушните перничиња.

„General Motors“ досега прими 4.342 барања до 31-ви јануари кога истекнува рокот за побарување на надоместот. Од тие, уште се проверуваат 1.326 барања. Фајнберг вели дека за повеќе од половината од барањата биле неподобни за разгледување или им недостасувала документација.

General Motors“ повеќе од една деценија имал сознание дека „Chevrolet Cobalt“ и други мали автомобили имаат лоши контакт-брави, но тоа го признале минатата година и стартувале да ги заменуваат со поквалитетни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП