12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurger King планира проширување во Русија

Burger King планира проширување во Русија

Burger_king_kamen

Еден од најголемите светски ланци на ресторани за брза храна „Burger King“ планира да го зголеми присуството во Русија, без оглед на економското слабеење на оваа земја, изјави директорот на компанијата за регионот Европа, Блискиот Исток и Африка, Хозе Сил.

„Рускиот пазар и понатака е многу привлечен за компанијата. Русија има потенцијал за раст, особено регионите“, изјави Сил.

„Burger King“ има ресурси за развој на мрежата во оваа година. Меѓутоа, конкретните планови за отворањето на нови ресторани Сил не ги соопшти, пренесуваат агенциите.

„Ние ставаме акцент не на квантитетот, туку првенствено на квалитетот. Планираме да се фокусираме на подобрувањето на стандардот на услугите и опремата на ресторанот“, изјави Сил.

Поради ембаргото на увозот на некои производи кое Русија го воведе како одговор на санкциите од Западот, компанијата се соочила со пад на прометот, како и останатите компании кои работат во оваа земја.

Ланецот „Burger King“ е основан во 1954 во САД, има повеќе од 13.000 ресторани во светот, а во Русија работи по принципот франшиза од 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП