25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNASA работи на електричен авион со 18 пропелери

NASA работи на електричен авион со 18 пропелери

motori 33

Американската агенција за вселенски истражувања NASA работи на создавање целосно електричен авион кој ќе го придвижуваат 18 мали пропелерни мотори.

Експерименталниот авион на пропелери има крила со распон од 9,5 метри. Пропелерите, кои потполно ќе бидат електрични, ќе работат на напојување од литум-феро-фосфатни акумулатори. Секој од нив може да работи самостојно со различна брзина, за да се оптимизира потрошувачката на енергијата. Во време на полетувањето ќе работат сите 18 мотори, а во текот на летот дел од нив може да бидат исклучени, се наведува во објавата на NASA.

Особената карактеристика на новата технологија на малите електрични пропелери LEAPTech (Leading Edge Asynchronous Propeller Technology), се состои во тоа што овозможува да се конструираат авионски крила кои ќе бидат невообичаено тенки.

Во следните месеци NASА ќе спроведе тестирање на земја. Во оваа етапа од истражувањето крилата ќе бидат поставени на камион, кој ќе забрзува до 112 километри на час. Планирано инаку е авионот да крстосува со брзина од 320 километри на час. Тестирањата ќе бидат вршени во американската воздухопловна база „Едвардс“ во Калифорнија. На прелиминарните тестирања на моторите на крилните позиции постигнале брзина до 64 километри на час.

Според експертот за аеродинамика Марк Мур, од Научно-истражувачкиот центар Ленгли, развојот на овој авион може да доведе до значителни промени во транспортната авијација, и на краток и на подолг период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП