21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКонечно: Паметен часовник чија батерија трае 30 дена (видео)

Конечно: Паметен часовник чија батерија трае 30 дена (видео)

vector saat

Паметните часовници станаа хит, но само меѓу оние на кои не им пречи секојдневно да ги полнат нивните батерии.

Меѓутоа, сега англискиот производител „Vector“ претстави два часовници, округлиот „Luna“ и квадратниот „Meridian“.

Нивните батерии траат дури 30 дена, благодарејќи на моно дисплејот и специјалниот оперативен систем.

„Luna“ и „Meridian“ ќе бидат достапни во текот на летото ширум светот, по цена од 349, односно 199 долари.

Овие часовници имаат бројни „паменти“ функции. Производителот ветува поддршка за „Android“, „iOS“ и „Windows Phone“ смартфоните, a преку кои „Luna“ и „Meridian“ ќе прикажуваат известувања, новости, календари, а дури ќе нудат и информации за движењето на корисникот.

Исто како и „Pebble“, „Vector“ паметните часовници за управување нема да имаат екран кој е чувствителен на допир, туку за контрола на уредот ќе може да се користат три физички копчиња или детекција на движењето. Ако на пример сакате да прочитате некое известување, придвижување на зголбот ќе биде доволно за преглед. Компанијата „Vector“ веќе направи партнерство со „Google Nest“, a од неодамна им овозможи на програмерите пристап за нови апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП