Малопродажната цена на дизелот се намалува ноќеска на полноќ за два денари, додека цената на бензините останува непроменета, одлучи регулатоната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, новата цена на еуродизелот изнесува 53,5 денари за еден литар, додека цената на екстралесното масло за домаќиство (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денари, на 42,5 денари.
Се намалува и малопродажната цена на мазутот за 0,677 денари, со што новата цена на М-1 НС изнесува 26,248 денари за килограм.
Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 и натмау ќе се продават по 67,5, односно 69,50 денари за еден литар.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период и за 9,83% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше е за 5,9 % повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.