10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlpine ќе прави хибриди и кросовери

Alpine ќе прави хибриди и кросовери

alpineb33

Раководството на „Renault“ разгледува опции за производство на различни модели кои се нудат под брендот „Alpine“. Ова го објави извршниот потпретседател на француската компанија Бруно Анселен пред „Auto Express“.

Според Анселен не е исклучено во палетата на брендот да се појават кросовери и автомобили со хибриден погон. Топ менаџерот смета дека е целосно непрофитабилно „Alpine“ да нуди само еден единствен модел.

„Такво нешто е бесмислено, бидејќи за да се наметнеме на некои пазари, задолжително треба да нудиме хибридни автомобили. Затоа сме должни да решиме точно какви технологии и каков тип на мотори да користиме за нашите модели“, објасни Анселен.

Потпретседателот на „Renault“ е категоричен дека „Alpine“ треба да предложи модели, кои можат да се натпреваруваат со „Porsche“ и „Audi“, а за остварување на оваа цел, неговата компанија треба да ги користи, како сите свои ресурси, така и оние на партнерите „Nissan“ и „Daimler“.

Анселен потврди дека првиот модел на „Alpine“ ќе биде спортски автомобил, кој во моментов се развива под името „AS1“ (Alpine Sport1). Тој ќе биде со заден пренос, а сериското производство ќе започне во фабриката во Диеп (Франција) во 2016-та година, а пак продажбата ќе започне една година подоцна.

Во компанијата се надеваат да продаваат годишно по околу 3.000 примероци од моделот. Тие ќе бидат наменети за Европа, но ќе се нудат и на другите клучни пазари. Анселен додаде дека вториот модел на „Alpine“ ќе се појави, само откако првиот ќе почне да носи приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП