13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНафтените компании се задолжија за рекордни 63 милијарди долари

Нафтените компании се задолжија за рекордни 63 милијарди долари

oil companies11

Водечките нафтени компании издадоа во првите два месеци од годината обврзници во рекордна вредност од 63 милијарди долари, користејќи ја историски ниската цена на задолжување за да ги зголемат дивидендите, да приберат средства за акцвизиции и да ги подобрат билансите, кои се под притисок поради падот на цената на нафтата.

Според податоците на банката Morgan Stanley, само американските и европските нафтени гиганти , како ExxonMobil, Chevron, British Petroleum, Total и Statoil издале 31 милијарда долари нови обврзници, или 48 отсто од вкупно издадените нови хартии од вредност на сите нафтени компании во светот во јануари и во февруари.

Од почетокот на годината, Exxon издаде обврзници во вредност од осум милијарди долари, следат Total, BP и Chevron со шест милијарди долари.

Падот на цената на „црното злато“ за околу 50 отсто од јуни минатата година ги притисна нафтените компании, принудувајќи ги на намалување на инвестициите и на продажба на имоти за да ги одржат билансите и да исплатат високи дивиденди, што со децении беше обележје на овој сектор.

И покрај се, на повеќето нафтени и натаму им е нужно задолжувањето за да ги остварат целите, со оглед на остриот пад на цената на нафтата, стои во извештајот на Morgan Stanley.

Исклучително ниските каматни стапки во Европа и САД, поради лабавата монетарна политика на централните банки, им овозможија на големите нафтени компании задолжување по рекордно ниска цена.

Нафтените компании исто така земаат нови, евтини компании за потенцијалните преземања во секторот, кои се очекуваат во втората половина од годината, заклучува Morgan Stanley.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП