8 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓаат цените на становите во светот

Паѓаат цените на становите во светот

stanovi2 2

Индексот на глобалните цени на стамбените единици во светот е намален во четвртото тромесечие на минатата година, за прв пат од 2012-та година за 0,6 отсто.

Падот на цените на недвижностите е резултат на турбулентните политички и економски движења кон крајот на минатата година, се наведува во студијата на агенцијата за недвижности Knight Frank, јавува Танјуг.

Украинската криза, тензиите поради грчкиот долг како и фактот што економскиот глобален раст не преминал од 3,3 отсто довеле до пад на цените на стамбените објекти во светот.

Во анализата се наведува дека цените на луксузните недвижности и понатаму растат, додека глобалниот индекс на стамбените недвижности, којшто за секоја земја се пресметува во однос на бруто домашниот производ, е намален.

Во мал број на земји цените на недвижностите се поскапени, на чело со Ирска, потоa следуваат Турција и Хонг Конг.

Во Даблин и околината становите во четвртиот квартал од минатата година поскапеле за 16,3 отсто на годишно ниво, но и покрај тоа цените се за 38 отсто пониски отколку во истиот период во 2007-ма година.

Најголем пад на цените на недвижностите е забележан во Украина и таа е единствена земја со двоцифрено поевтинување од 16,3 отсто.

На ниво на континенти најмал раст на цените има во Европа и тоа 1,6 отсто, додека на Блискиот исток е забележано поскапување од 7,7 отсто, а во Океанија 6,4 отсто.

На Блискиот исток и во Азија забележан е тренд на побарувачка на стандардни недвижности, со помала квадратура и пониски цени, што досега не беше случај.

Купувачите се одрекуваат од луксузни недвижности поради растот на данокот на ексклузивните простори во дел од земјите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар