18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција има пари за само две недели

Грција има пари за само две недели

Greecenjhu78hy67

Вчерашното издание на реномираниот весник „Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung“ јавува дека експертите на Европската комисија ја потврдиле „критичната состојба“ во грчката каса во која има доволно пари за исплата на плати и пензии до 8. април.

Доколку Атина до наведениот датум не успее да понуди план за одржливи реформи, Комисијата претпоставува дека Владата на Ципрас ќе мора да посегне по парите од фондовите за социјално осигурување и сметките на компаниите во државна сопственост, за да продолжи со исплатата на плати, пренесува АФП.

Премиерот Ципрас во петокот се обиде да ги увери кредиторите и европските партнери дека во „следните денови“ ќе достави проширен предлог со реформи, со надеж дека тие ќе ја отклучат последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП