9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарес го реши „Ел Класико“

Суарес го реши „Ел Класико“

suarez-el-kla

Фудбалерите на Барселона го совладаа Реал со 2:1 во 229-то „Ел Класико“, кое се одигра во рамките на 28.коло во Примера. Барселона со оваа победа, на десет кола до крајот на првенството, стекна четири бода предност во однос на големиот ривал.

Натпреварот на „Ноу Камп“ го реши Луис Суарес во 56.минута. Дани Алвес испрати длабинска топка која патуваше 30-тина метри, Суарес ја прими меѓу двајцата дефанзивци на Реал, Рамос и Пепе и од прва го погоди спротивниот агол од голот на Касиљас.

Претходно Барселона стигна до предност со голот на Матие во 19.минута, Французинот по корнерот на Ракитиќ беше највисок во скокот и од седум метри успеа да реализира.

Реал израмни со голот на Роналдо 12 минути подоцна, Португалецот лесно во гол ја претвори брилијантната асистенција на Бензема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП