10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМузичка ноќ за паметење со Влатко Стефановски и неговите гости

Музичка ноќ за паметење со Влатко Стефановски и неговите гости

azx

Два незаборавни концерта одржа Влатко Стефановски во сабота вечер во Домот на АРМ во Скопје, придружуван од Васко Атанасовски и стринг камерниот оркестар на словенечката филхармонија.

Прекрасниот сплет на музички нумери од опусот на Стефановски, збогатени со виртуозноста на Атанасовски, перфекционизмот на гостите од Словенија, беа доволна инспирација за скопската публика, која знаеше на вистински начин да ги награди музичарите на сцена по секоја изведена нумера.

Се чини дека енергијата со која беше исполнета салата во Домот на АРМ можеше да ја почувствува секој, а хемијата меѓу оние на сцената и оние зад сцената, се воспостави уште по првите тактови…

‘Не си го продавај Кољо чифликот’, ‘Елено, ќерко,Елено’, ‘Јовано, Јованке’, ‘Калајџиско оро’, прозвучеа сосем поинаку, а повторно исто, но толку провокативно и инспиративно…

„Се обидов на моите гости од Словенија да им кажам каква публика сте, а сега тоа и самите го докажавте, ви благодарам“, рече Стефановски, задоволен од приемот на публиката, која на крајот ги награди сите со френетичен аплауз.

И како никој да не сакаше оваа прекрасна вечер да заврши, па следеа два биса, најпрво ‘Џипси меџик’, а пота и втор бис ‘Не си го продавај Кољо чифликот’.

Како и да е, можеме да бидеме среќни што имаме музичари од типот на Влатко Стефановски и Васко Атанасовски, кои секако на најдобар начин, без никакво сомнение, секаде во светот ќе продолжат “да ја продаваат македонската приказна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП