5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Panamera ќе дебитира во втората половина од 2016-та

Новата Panamera ќе дебитира во втората половина од 2016-та

panamera 23

Претседателот на компанијата „Porsche“ и извршен директор, Матијас Милер откри дека следната генерација на моделот „Porsche Panamera“ најверојатно ќе дебитира во втората половина од следната година.

Кога конкретно од него беше побарано да одговори кога ќе дебитира возилото, Милер изјави дека претпоставува дека тоа ќе се случи во втората половина од 2016-та година.

Врз основа на овој одговор, очигледно компанијата се уште нема официјален датум за претставување на споменатиот модел, со оглед дека тој е само малку повеќе од една година од својата премиера.

Многу детали од овој модел се веќе познати. Знаеме дека новата „Panamerа“ ќе ја карактеризира нов дизајн на екстериерот, покрај тоа, возилото ќе поседува целосно ревидиран преден и заден дел и нови предни и задни светла. Покрај промената во дизајнот, овој модел ќе добие одредена мерка за заштеда на масата, затоа што во неговата изработка во одреден степен ќе биде користен и алуминиум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП