Екипата на Атланта загуби во дербито од Оклахома (115:123), во натпревар во кој главни ѕвезди беа Перо Антиќ и Расел Вестбрук. Македонскиот интернационалец го одигра најдобриот меч во НБА кариерата, додека Вестбрук го запиша седмиот „трипл дабл“ во сезоната.
Антиќ против Оклахома постигна рекордни во кариерата 22 поени (6-9 шут од поле, 6-7 од линијата за слободни), но неговата добра игра не можеше да ја поништи брилијантната изведба на Вестбрук кој имаше учинок од 36 поени, 10 скока и 14 асистенции.
Покрај Антиќ кај Атланта се истакнаа уште Денис Шредер со 21 и Пол Милсап со 19 поени.
Покрај Вестбрук, кај Оклахома која на овој меч играше без Дурент, Ибака и Кантер, забележителен учинок имаа и Дион Вејтерс (26 поени) и Ентони Мороу (21 поен).
Погледнете ги сите 22 поени на нашиот интернационалец: