19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМал пад на приходите на Tiffany, но раст на нето профитот

Мал пад на приходите на Tiffany, но раст на нето профитот

tiffany_co_pacchetto-1024x769

Американската компанија за луксузен накит „Tiffany“ во четвртиот квартал од фискалната 2014 година, која заврши на 31 јануари, забележа благ пад на приходите, но нето профитот порасна.

Во соопштението на компанијата како причина за падот на приходите се наведува силниот долар и падот на побарувачката на крајот на фискалната година, пренесува АФП.

Приходите во наведениот период се намалени од минатогодишните 1,30 милијарди на 1,29 милијарди долари, а половина од тој износ е реализиран во САД.

Нето профитот во четвртиот квартал од фискалната 2014 година изнесувал 196,2 милиони долари, а вредноста на акциите 1,51 долари, додека во истиот период една година претходно профитот изнесувал 103,6 милиони долари, а вредноста на акциите 81 цент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП