16 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG повторно ќе го произведува смартфонот на Google - Nexus?

LG повторно ќе го произведува смартфонот на Google – Nexus?

gsmarena nexus

Посетата на инженерите на „Google“ во седиштето на компанијата „LG“ беше доволна повторно да започнат да се шират некои нови информации.

Имено, „Google“ се подготвува да ја прикаже новата верзија на „Android“ на годинешната манифестација „Google I/O 2015“ која е на распоредот на крајот на мај. Во меѓувреме, се очекува „Google“ да избере производител кој ќе работи на новиот „Nexus“ телефон.

Различни информации кружат во врска со тоа, а најновите говорат дека тоа (повторно) ќе биде компанијата „LG“.

„Motorola Nexus 6“ успеа да привлече големо внимание во јавноста, но не и да го повтори успехот кој го направи „Nexus 5“. Дел од свежите шпекулации, тврдат дека „Google“ интензивно работи со компанијата „LG Mobile“ на следниот „Nexus“ телефон кој има кодно име „N000“.

Нови детели дури допрва треба да дознаеме, но ако ова е точно, тогаш тоа ќе биде третиот „Nexus“ кој ќе го изработува компанијата „LG“, по моделите „Nexus 4“ и „Nexus 5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП