17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X7 ќе чини од 130.000 евра

BMW X7 ќе чини од 130.000 евра

bmw_x7

Одредени медиуми објавија некои нови детали кои се однесуваат на моделот „BMW X7“ кој на пазарот би требало да се појави кон крајот на 2017-та или почетокот на 2018-та година.

„BMW“ го започна развојот на моделите „X7“ и „Rolls Royce SUV“ пред отприлика две години и поради тоа се очекува двата автомобили да делат мноштво компоненти.

„X7“ го карактеризира кондото име „G07“ при што ќе биде базиран на „HPLC“ (ii CLAR) aрхитектурата која претходно беше позната по кодното име „35upo“ и која ќе има свое деби за неколку месеци до рамките на наредната генерација на „Serieѕ 7“.

Суспензијата и некои други делови ќе бидат позајмени од моделот „Х5“, додека за овој модел во понудата може да биде и систем со погон на задните тркала и „xDrive“ системи. Линијата на мотори ќе се состои од шест и осумцилиндарски агрегати, додека во понудата ќе биде и „plug-in“ хибридна верзија која најверојатно ќе биде прилагодена на системот инсталиран во рамките на „X5 xDrive40e“ моделот.

На самиот врв во понудата на „Х7“ ќе биде големиот „V12“ мотор кој веројатно ќе има подобрена верзија на 6.0-литрската единица која е вградена во моделот „760i“ и која развива 544ks и 750Nm вртежен момент.

Кога станува збор за ентериерот, се очекува дека овој седмосед ќе нуди најлуксузна кабина која досега е видена во некој од моделите на компанијата „BMW“.

Според шпекулациите кои се појавија во медиумите, „BMW X7“ би требало да чини од 130.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП