4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo и Huawei глобално најпознати кинески брендови

Lenovo и Huawei глобално најпознати кинески брендови

le huawei

Техничките компании Lenovo и Huawei и натаму се најпознати кинески брендови, стои во глобалното истражување за кинескиот национален имиџ за 2014-та година.

Lenovo е познат меѓу 49 отсто од испитаниците од развиените држави и меѓу 80 отсто од популацијата на државите во развој, покажуваат резултатите од истражувањето.

Дејноста на Lenovo покрива компјутери, лаптопи, сервери и паметни телефони. Во октомври 2014 година компанијата го финишираше спојувањето со Motorolom Mobility од Google. Овој договор го лансираше Lenovo на трето место на светскиот пазар на паметни телефони.

Huawei, кој е специјализиран во телекомуникациската опрема и решенија, познат е меѓу 27 отсто од популацијата во развиените држави и 63 отсто кај популацијата во државите во развој.

Huawei, кој исто така произведува паметни телефони, го следи во чекор Lenovo на светскиот пазар на паметни телефони.

Двете компании ги заземаа првите две места на чистата најпознати кинески брендови во светот и во 2013-та година.

Истражувањето на имиџот на кинеските брендови на светскиот пазар за 2014-та година, вклучи 4.500 граѓани во Велика Британија, САД, Австралија, Јапонија, Кина, Јужна Африка, Индија, Бразил и Русија на возраст од 18 до 65 години.

На прашањето дали е Кина иновативна во технологијата, 64 отсто од испитаниците дале позитивен одговор.

Меѓу првите 10 глобални кинески брендови се најдоа и Air China, Haier, Alibaba, ZTE, Hisense, TCL, Bank od China и China Mobile.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП