26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC е подготвен да почне со продажба на ONE M9

HTC е подготвен да почне со продажба на ONE M9

m9 1

Kомпанијата „HTC“ имаше во план да започне со продажбата на својот премиум телефон „HTC One M9“ на 16-ти март во Тајван, но потоа беше соопштено дека се приморани да ја одложат.

Како што беше најавено, сето тоа е дело на една софтверска грешка. Сепак, овој проблем многу бргу е решен и компанијата е подготвена да ја започне продажбата на „HTC One M9“ веќе на 21-ви март.

Нормално, овој датму се однесува на Тајван кој е првиот пазар кој ќе го добие новиот „One“ телефон. Засега ќе биде достапна верзијата со 32 GB интерна меморија по цена од 693 долари, додека онаа со 64 GB интерна меморија ќе биде достапна шест дена подоцна.

HTC One M9“ по пуштањето во продажба во Тајван ќе биде достапен и на другите пазари ширум светот, а се очекува тоа да се случи на 10-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП