18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште кои брендови ќе си заминат од Русија?

Уште кои брендови ќе си заминат од Русија?

Employees at a Volkswagen factory work on an assembly line in the city of Kaluga

Барем уште 5 автомобилски брендови најверојатно ќе го напуштат пазарот во Русија поради економските проблеми на земјата. Така тие ќе го следат „General Motors“ и „Sang Yong Motor“ кои веќе најавија дека ги затвораат своите бизниси во земјата.

Според руските медиуми „Suzuki“, „Cherry“, „Citroen“, „Peugeot“ и „Honda“ се следните компании кои не гледаат смисла да продаваат автомобили и да инвестираат во еден од најголемите пазари на планетата, кој во последните месеци се намали на рекордно ниско ниво.

Продажбата на „Suzuki“ се намалија за 73% во споредба со минатата година. Исто намалување објавија и Кинезите од „Cherry“. Кај „Peugeot“ и „Citroen“ резултатите се директно катастрофални – едвај 800 автомобили за првите 2 месеци, како и кај „Honda“, која за јануари и февруари 2015-та година забележа продажба на само 636 возила.

Според експертите слични резултати може да се очекува и кај другите брендови. Некои од нив сметаат дека „Ford“ исто така ќе се повлече. Компанијата ги крена цените на своите модели за 23%, како резултат на тоа што нејзината продажба паднаа за 70% во оваа година. Згора на тоа, „Ford“ има и два фабрики на територијата на земјата.

Според друго издание – „Московски комсомолец“, проблемите во автомобилската индустрија на Русија допрва ќе се продлабочуваат. Доказ за тоа се зачестените прекини на производството во фабриките, сопственост на големите западни компании. Оваа на „Ford“ не работи од 16-ти март поради штрајкот, додека во „Renault“ работниот процес беше прекинат за речиси еден месец – од 16-ти февруари до 10-ти март. Фабриката во Калуга, каде се составуваат моделите на „Citroёn“ и „Mitsubishi“ ги престана активностите во периодот од 24-ти февруари до 9-ти март.

Проблеми имаше и во двете фабрики на „Volkswagen“ во Русија. Во Нижни Новгородод каде е сконцентрирано производството на „Volkswagen“ и „Skoda“, од почетокот на март до крајот на април е воведена 4-дневна работна недела. А во Калуга е стопирано составувањето на „Audi Q5“, „Q7“ и „А7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП