18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманци го преобразија новиот Aygo (фото)

Германци го преобразија новиот Aygo (фото)

toyota-aygo-musketier-2

Со модели како новата генерација „Aygo“, јапонскиот производител „Toyota“ покажа дека умее да прави автомобили со раскошен и интересен дизајн. За оние сопственици на модели кои бараат нешто повеќе спортски изглед, германската компанија „Musketier“ нуди оптичка доработка.

Пакетот вклучува бројни нови компоненти за надворешноста, сите решени во црно. Гледаат се адитиви за предниот браник и крилата, заден браник со дифузор, прагови и едноставен заден спојлер. Освен тоа кровот и колоните се решени во црна боја.

toyota-aygo-musketier-22

„Musketier“ го имаат развиено за моделот и спортски издувниот систем, која според информациите придава повеќе спортски звук на возилото. Системот има четири цевки, распоредени во парови во двата краја на браникот.

Достапна е исто така спортска суспензија, која се редуцира со 30 мм и ја подобрува стабилноста. Понудените бандажи се со големина од 15, 16, 17 или 18 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП