23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S6 може да се купи и со вистинско злато

Galaxy S6 може да се купи и со вистинско злато

z galaksi

Веќе неколку години треската за златни смартфони не престанува, па така производителите на истите се трудат да ги задоволат (не)вкусовите на своите купувачи. Повеќето од тоа се сведува на „боење“ на куќиштата со златна боја, но и има и такви како златарницата „Goldgenie“ која се одлучува да го дотера смартфонот со помош на вистинско злато.

Најновата работа на оваа британска работилница се неодамна претставените модели на „Samsung“, уредите „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Edge“, а кои наскоро ќе може да се купат во изведба од жолто и црвено (розе) злато, но и од платина.

Засега купувањето (ако има заинтересирани) не во возможно, затоа што од 20-ти март ќе започнат нарачките при кои ќе биде потребно веднаш да се плати и 50% од сумата, како доказ за добра воља и сериозност.

z galaksi2

Доколку ви се допаѓа „Samsung Galaxy S6“ со куќиште од 24-каратно златно подгответе износ од 1.644 фунти, колку ќе чинат останатите модели, вклучувајќи ја и верзијата од платина, засега не е познато. Но сигурно нема да бидат поевтини, затоа што жолтото злато секогаш е најевтина опција, додека редовно црвеното злато и платнината се секогаш поскапи.

Нарачки ќе се примаат до 7-ми април, а испораката на уредите ќе започне две до три недели откако „Samsung“ истите на 10-ти април ќе ги пушти во малопродажба.

Ако не сте љубител на „Samsung“ не се грижете, истата компанија во понудата има и златни „iPhone“ уреди, а може нешто да се најде и за љубителите на „HTC“ и „BlackBerry“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП