2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВисла е сериозан предизвик за Вардар

Висла е сериозан предизвик за Вардар

vardar pres

Шеесет минути голема борба ги очекува ракометарите на Вардар во реваншот против Висла, борба во која ќе мора да бидат максимално концентрирани и трпеливи доколку сакаат да ја наполнат негативата од шест гола и да изборат пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Вардар на првиот меч во Полска го одигра веројатно најлошиот меч во досегашниот дел од сезоната, многу работи во играта е функционираа и доколку тимот сака пласман меѓу октетот најдобри во Европа ќе мора грешките да ги сведе на минимум.

„Ќе играме можеби најважниот натпревар во текот на оваа сезона. Во Полска одигравме лошо и во нападот и во одбраната и доколку сакаме да продолжиме понатаму мора да го подобриме тоа. Оваа недела трениеравме добро немаме повредени играчи и се надевам дека така ќе остане до почетокот на мечот. Исто така се надевам дека атмосферата ќе ни помогне да одиграме уште подобро, Вардар има одлични навивачи. Не очекува тежок и интересен натпревар во текот на сите 60 минути бидејќи разликата од шест гола е голема, но се надевам дека ќе успееме да ја надополниме негативата“, рече на прес конференцијата во пресрет на натпреварот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Шпанецот и покрај неубедливата партија на неговите избраници во првиот меч, најави дека нема да прави некои посебни тактички промени во играта, а смета дека и неговиот сонародник од спортивната страна нема со што да го изненади.

Капитенот на тимот Филип Лазаров смета дека на Вардар му е местото во четвртфиналето, но дека тоа тој и неговите соиграчи ќе мора да го заслужат на теренот.

„Ситуацијата е максимално комплицирана, од Полска донесовме многу лош резултат, но сами сме виновни. Имавме лош ден, а за разлика од нас Висла се надмина себеси, одигра перфектно, а нашата игра не беше ниту на 50 отсто од она што можеме да го одиграме. се надевам дека работите ќе се сменат во реваншот, не верувам дека тие можат така добро да одиграат два натпревари по ред, ниту пак ние можеме да одиграме лошо два пати по ред. Нашата цел е пласман на завршниот турнир, а реално во моментов нашето место е меѓу најдобрите осум во Европа. Сепак оваа нокаут фаза не трпи лоши изданија и лоши денови, ние тоа го имавме во Полска и на крајот добро поминавме со поразот од шест разлика.

Осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Висла ќе се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански“, а ќе започне во 20:15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП