19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако да ја штедите батеријата на смартфонот?

Како да ја штедите батеријата на смартфонот?

bat pamet

Паметните телефони се составен дел од нашиот живот. Во услови на континуирано подобрување на нивниот хардвер, животот на батеријата на овие уреди е небаре најслабата карактеристика.

Без издржливи батерии сепак, овие паметни уреди стануваат целосно неупотребливи, особено кога во близина немаме полнач.

И додека постојат многу ветувања за подобрување на животот на батеријата во наредните години, она што можеме да направиме е да размислиме како да ја штедиме така вредната енергија. Еве неколку совети во оваа насока:

1. Исклучете ги вибрациите.

Првото што можете да направите е да ги исклучите вибрации при ѕвонење или примање на пораки. Наместо тоа се држите до традиционалните мелодии за информирање. При вибрирање смартфонот користи многу од енергијата на батеријата. Користете ја оваа функција, кога навистина е потребно, за време на состаноците или додека сте во кино или театар.

2. Исклучете ја функцијата „Wi-Fi“.

Смартфоните се создадени така што кога оваа функција е вклучена, постојано бараат достапни мрежи. Ова сериозно го намалува капацитетот на батеријата и тоа е нешто што можеби не ви е потребно постојано, особено ако не користите слободни мрежи.

3. Не користете шарени позадини.

Модерните смартфони се одликуваат со исклучително висока резолуција, која, освен дека е пријатна на окото, е непријател број еден на батеријата. За да не ја трошите непотребно батеријата, не ставајте позадини, кои имаат многу боја. Наместо тоа поставете потемни или црни позадини.

4. Исклучете ги известувањата.

Многуте инсталирани апликации најчесто значат и чести известувања. При секое известување екранот се вклучува, што значи употреба на енергија. Исклучете ги известувањата, особено ако не се важни за вас.

5. Ограничете го бројот на апликациите.

Тоа дека една апликација не се гледа на екранот, не значи дека не е активна. Овие апликации, кои се скриени, продолжуваат да трошат енергија. Бидете сигурни дека ги затворате пред да се сокријат од екранот.

6. Инсталирајте апликација.

Постојат многу апликации за заштеда на батеријата. Изберете една и инсталирајте ја. Искористете го периодично за да ги исклучите апликации со кои не работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП