„Google“ има аплицирано за патент во Светската организација за интелектуална сопственост за уред кој се носи на рачниот зглоб и ги уништува клетките на ракот во крвта, пишува „Times“.
Патент апликација со наслов „Nanoparticle Phoresis“ го опишува уред кој „може автоматски да менува и уништува една или повеќе цели во крвта, заканувајќи го здравјето“. Меѓу овие цели можат да бидат ензими, хормони, протеини, клетки или други молекули, чие присуство во крвта влијае врз здравствената состојба на носителите на нараквицата.
Преносниот уред ќе биде во можност да променува или уништува клетките преку насочување на енергија кон крвните садови во форма на радио бранови со променливо магнетно поле, акустични импулси или инфрацрвена или видлива светлина. Тоа енергетско влијание предизвикува хемиски промени во патолошките цели и има за цел да ги намали штетните здравствени ефекти, посочува „Google“. Компанијата додава дека нападнатите цели можат да бидат и канцерозни клетки.
Ова не е прв знак дека „Google“ инвестира во канцерогени студии. Во октомври 2014-та година стана јасно дека „Google X“ – истражувачката лабораторија на компанијата, разработува пилула која може да детектира рак и други болести. Капсулата, наполнета со минијатурни наночестички се пумпа во крвта и ги детектира туморските клетки. Методот се базира на означување на инфицираните клетки кои се наоѓаат во телото. Наночестички поседуваат магнетни својства, благодарение на што им се повлече кон магнетното поле, емитувано од нараквицата.