18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФутсал репрезентацијата ремизираше со Унгарија

Футсал репрезентацијата ремизираше со Унгарија

futsal-radost

Македонската футсал репрезентација одигра нерешено 3:3, во првиот натпревар на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство, кој до 21.март се одржува во Скопје.

Македонските репрезентативци добро го отворија дуелот, со головите на Тодоровски во 14. и 18.минута стигна до предност од 2:0. Унгарците возвратија во вториот дел и преку Тречени и Хошу стигнаа до израмнување.

Нова предност на Македонија и донесе Мицевски, која во последната минута беше поништена кога Агуши постигна авто-гол.

Покрај Македонија и Унгарија во групата уште партиципираат Шпанија и Швајцарија. Шпанците кои се апсолутни фаворити за првото место, во првиот меч ја декласираа Швајцарија со 9:1.

Македонија во второто коло ќе игра против Швајцарија, дуелот на програмата е в четврток со почеток во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП