3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz подготвува нов конкурент на Audi TT

Mercedes-Benz подготвува нов конкурент на Audi TT

cla 333

„Mercedes-Benz“ работи на создавање на уште еден конкурент на „Audi TT“. Според германското издание „Autobild“, тоа ќе биде спортски модел на платформата на следната генерација „A-Class“.

Производителот од Штутгарт веќе има еден ривал на „Audi TT“ во палетата и тоа е моделот „SLK“ кој е со слични димензии и е споредлива, како моќ и цена. А гласините дека „SLK“ ќе има наследник одат уште од 2000-та година, кога „Mercedes“ за прв пат го покажа концептот „Vision CLA“. Сепак, тогаш проектот беше запрен, бидејќи ревизијата на компактен хечбек во роудстер не е економски оправдано.

Сега сепак работите се променија, бидејќи новата архитектура со преден погон „MFA“ која е во основата на „A-Class“, овозможува да се градат секакви автомобили. Во моментов на неа се направени „CLA“, „CLA Shooting Brake“, кросоверот „GLA“ и компактниот „B-Class“.

Најголемиот проблем пред „Mercedes“ е падот на продажбата на автомобили од овој сегмент, што јасно се гледа од резултатите на третата генерација на „Audi TT“. Ако сепак биде дадено „зелено светло“ на проектот, тогаш новото купе, кое ќе биде опремено со 4-цилиндричен мотор, ќе излезе во 2019-та година, а година потоа ќе биде претставена и кабрио верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП