„Facebook“ најави дека ќе стартува нова функција за корисниците која ќе им овозможи со пријателите на оваа друштвена мрежа да си испраќаат пари едни на други.
Сето ова ќе биде достапно по пат на нивната „Facebook Messenger“ апликација. Како и кај сличните сервиси, со едноставен допир ќе биде овозможено корисниците да испраѓаат одредена сума на пари на примателите со едноставен чекор.
Корисниците пред тоа ќе мораат да ја поврзат својата „Visa“ или „MasterCard“ дебитна картичка со својот „Facebook“ профил. Потоа симболот „$“ ќе се појави на корисничкиот интерфејс на „Facebook Messenger“ заедно во делот за разговори.
Сепак, споделувањето на информациите за кредитните картички на „Facebook“ е опасно за многу корисници, па останува да видиме како „Facebook“ ќе го реши овој проблем.
Засега оваа функција ќе биде достапна само за жителите на САД, но не се знае кога ќе биде пуштена за употреба и во останатите региони.