7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе очекува „златна грозница“

Не очекува „златна грозница“

gold1

Побарувачката за злато до 2030 година ќе биде двојно зголемена и ќе „порасне“ на пет илјади тони од сегашните 2,5 илјади, што ќе доведе до зголемување на цената на 2.400 долари за унца – сметаат експертите.

Аналитичарите од „Австралиско-новозеландската банкарска група“ сметаат дека за 15 години цената на златото ќе достигне рекордно ниво.

Побарувачката за злато во Индија и Кина ќе достигне по илјада тони оваа година, а нивните централни банки ќе купат најмалку 400 тони.

Краткорочната целна цена на златото е 1.100 долари, но долгорочно се очекува раст и тоа поради растот на богатството во Азија, растот на инвестиции и растот на резервите на централните банки.

Златото во моментов е на околу 1.147 долари за унца, а на рекордно ниво беше во 2011 година кога цената се искачи на дури 1.921 долари за унца.

Експертите велат дека Русија нагло го зголемила откупот на злато на светскиот пазар во текот на минатата година и значително ги пополнила златните резерви, па на крјаот на минатата година имала повеќе од 1.100 тони злато.

Најголема количина на златни резерви имаат САД – 8,1 илјади тони, Германија – 3,3 илјади тони, Италија – 2,45 и Франција 2,44 илјади тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП