
Дизел автомобили се толку популарни во Европа, па поради тоа такви мотори се поставуваат дури и во спортски модели. Последниот пример доаѓа од тунинг работилницата „AC Schnitzer“ која го вметна агрегатот од „M50d“ под хаубата на „BMW Z4“.


Дизел автомобили се толку популарни во Европа, па поради тоа такви мотори се поставуваат дури и во спортски модели. Последниот пример доаѓа од тунинг работилницата „AC Schnitzer“ која го вметна агрегатот од „M50d“ под хаубата на „BMW Z4“.

Моделот го носи името „ACZ4 5.0d“ и е произведен во еден примерок. Донаторот е „Z4 sDrive 23i“, но моторот му е отстранет за сметка на турбо дизелот со зафатнина од 3,0 литри.
Стандардните показатели на овој мотор се 381 КС и 740 Нм, но во „AC Schnitzer“ направиле некои поставки и моторот веќе генерира 430 КС и 840 Нм.

Забрзувањето од место до 100 км/час кај „ACZ4 5.0d“ изнесува 4,5 секунди, а максималната брзина на движење преминува 300 км/час. Тјунерската компанија не споменуваат ништо за спринтот до 200 км/час или до 300 км/час, но очекуваме овие времиња да бидат шокантно ниски.

За динамиката на дизел спортскиот автомобил помага исто така изработените од карбон покрив, како и праговите, предниот капак и каросеријата, сите конструирани од јаглеродни влакна. Тркалата се алуминиумски и имаат големина од 19 инчи.

„ACZ4 5.0d“ располага исто така со прилагодлива суспензија, лесен издувен систем и спортски сопирачки. Трансмисијата е автоматска со 8 степени, а диференцијалниот пренос со ограничено лизгање е превземен од „BMW M3“ (E92).
Од „AC Schnitzer“ нагласуваат дека единствениот автомобил не се продава, но во исто време е објавено дека неговата цена е 113.965 евра.