Sony оствари раст на оперативниот профит за 2,2 проценти во третиот квартал од неговата фискална година, завршена на 31. декември, на 182 милијарди јени (1,4 милијарди евра) додека на почетокот на февруари изнесуваше 178,3 милијарди јени.
Јапонскиот електронски гигант прецизираше дека станува збр за дополнети податоци, бидејќи во неодамна објавената информација за резултатите од работењето во извештајниот квартал не биле дадени целосните резултати од нивниот сектор специјализиран за кино проекции, кој беше „жртва“ на компјутерската пиратерија во големи размери.
„Sony“ објави дека приходот на овој сектор сега изнесува 2,567 милијарди јени (раст од 6,5 проценти), додека според првата оценка тој изнесуваше 2,558 милијарди јени.
Оперативниот профит во третиот квартал од 2014-2015 година, на кој позитивно влијаеше намалувањето на трошоците и зголемената продажба на сензори за снимање слики и конзолите за „playstation“, е двојно поголем во споредба со истиот период претходната фискална година, пренесува Ројтерс.